Справувањето со здравствената криза граѓаните го оценија како многу одговорно, ја вративме довербата во институциите, во здравството – истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на гостувањето во Утрински брифинг.

Сега на ред се економските мерки и политики кои државата мора да ги гради. Токму затоа се потребни легитимни институции, политичка влада и парламент. Тој посочи дека иако техничката влада одлично се справува со кризата, не смеееме да ја донесеме државата во друг правец, во нова криза.

Целокупниот економски пакет кој тежи 355 милиони евра е продолжение на првите два пакета, кои исклучително добро се прифатени и од стопанството и од граѓаните. 738 компании добија помош од првиот повик за бескаматни кредити, КОВИД 2 бележи огромен интерес со преку 5000 барања, над 25 000 фирми аплицирале за мерката 14.500 денари по вработен и над 100.000 веќе ги имаат добиено овие средства.-истакна Николовски.

Со новиот трет пакет економски мерки опфаќаме над 730.000 корисници кои преку било која од понудените мерки ќе можат да дојдат до средства. Целта е да се подигне приватната потрошувачка, јавната потрошувачка, забрзаат капиталните инвестиции, но и ќе ги користиме на долг рок нашите природни ресурси, сонцето, почвата, земјоделството, руралниот развој.

Николовски посочи дека целиот овој пакет економски мерки бил долго време развиван од страна на економскиот совет на СДСМ , а Владата одржа состаноци со сите синдикати и комори.