Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Триста“ на СЈО, во кое е обвинет поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Поповски се сомничи дека со нерегуларна набвка на 300 возила за потребите на МВР го оштетил државниот буџет за 453.570 евра.

Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда. Според обвинението, Поповски незаконски доделил договори на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.