Објавен е нов едукативен и практичен „Прирачник за финансиска писменост“ кој претставува спој на основни теоретски постулати за финансиите како и практични примери, искуства и совети.

Овој прирачник е прв од ваков тип кај нас бидејќи обединува повеќе современи финансиски теми за кои ретко се пишува и младите често овие информации ги бараат од странски извори кои не се релевантни за домашниот контекст. Прирачникот за финансиска писменост е бесплатен образовен материјал со содржини за основно и понапредно познавање на светот на финансиите распространети на над педесет страници.