Одложувањето на Олимписките игри во Токио оваа година ќе го чини Интернационалниот олимписки комитет астрономски 800 милиони долари, открива претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах.

Бах го откри „пакетот“ од 650 милиони долари за повторно организирање на Игрите следната година и дополнителни 150 милиони долари за поддршка на интернационалните федерации и националните олимписки комитети.

„Очекуваме дека ќе треба да ги покриеме трошоците за нашиот дел од одговорноста за Олимпијадата од околу 800 милиони долари“, вели Бах.

Целосната „сметка“ за Олимпијадата ќе биде уште поголема заз јапонските организатори и за владата на Јапонија и Бах признава дека дел од Игрите ќе бидат „намалени“.

„Ситуацијата бара компромиси и жртвувања. Ќе се обидеме што е можно повеќе да ги намалиме трошоците, а во исто време да го заддржиме духот на Игрите и квалитетот на спортското натпреварување“, вели Бах.