Од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 63,5 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 53 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за еден денар на 61,5 односно 53,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 денари и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,585 денари за килограм.