Автобуската линија со број 50 од утре повторно ќе застанува на постојката лоцирана во сутеренот на Градскиот трговски центар.

– Привремениот прекин на функционирање на постојката беше поради изведување градежни работи, односно реконструкција на улицата, соопшти ЈСП Скопје.

ЈП „Улици и патишта“ изминатиот период изврши комплетна обнова на улицата, со поставување специјален асфалт кој гарантира одлична состојба на улицата во наредните 10 години