Општина Карпош иницираше е – настава преку „Гугл драјв“. Градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев рече дека имале обука со 10 училишта и дека од вчера започната е настава за ученици од 9 то одделение во Општина Карпош.
„Професорите поставуваат лекции по 8 предмети, презентации, квизови и тестови. Преку овој тип на настава цел е да се надомести изгубеното од наставата. Имав средби со министерство за образование и биро за образование кои дадоа согласт за овој вид настава. Ги повикувам родителите да ги охрабрат учениците да се влчучат и да учат по електронски пат. Ова не е распуст, затоа треба да бидеме одговорни, да ги почитуваме препораките да останеме дома, но не и да бидеме надвор од образовниот процес. Имаме алтернативен начин и можеме да го искористиме“ рече Богоев.
Тој истакна дека е задоволен поради огромното мнозинство кои се согласиле да пристапат кон реализирање на оваа задача.
„Нема причина зошто некој од наставниците не би прифитил ваков начин на настава. Нема никаков контакт, се оди електронски. Како што почна вчера, под притисок на родителите ќе се вклучат и други наставници кога ќе слушнат за бенефитот од електронската настава. Сепак ќе кажам ова е неформална настава, но ова е можност овој период на креативен начин да го поминеме овој период“ додаде Богоев.
А во однос на 7-те деца кои се во самоизолација, Богоев рече дека се стабилни, дека нема информација дали некој од нив развил симптоми, но периодот од 14 дена истекува наскоро и тој се надева дека се ќе биде во најдобар ред.