Во организација на Општина Кивогаштани во сабота на 25.02.2022 година во 10:30 ќе се одржи манифестацијата “Прочкарска смеа за секого” на која ќе учествуваат учениците од двете основни училишта од општината како и најмалите дечиња од градинката Весело Штркче.

На манифестацијата ќе се избира најубава маска. За таа цел се покануваат сите кои сакаат да ги видат креативните маски на дечињата од општината.