
Осудениците од КПД Идризово, најавуваат дводневен предупредувачки штрајк со глад поради како што велат селективната правда по однос на Законот за амнестија. Во соопштението до директорот на затворот и до медиумите се вели:
“Господине Директоре, Ве известуваме дека ние осудените лица од утре 10.12.2018 година почнуваме со дводневен предупредувачки штрајк со глад, бидејќи покрај сите барања до Владата и премиерот досега не добивме одговор во врска со законот за амнестија кој е во најава. Бараме општа амнестија за сите дела кој ги дозволува Уставот на Р.М исто така статусот на доживотно осудените да се промени во бројка во склад со Европските закони.
Доколку во овие два дена не добиеме конкретен позитивен одговор од страна на Владата и работното тело за помилување ќе продолжиме со штрајкот со глад и ќе организираме мирни протести од страна на нашите фамилии пред Влада на Република Македонија.”