Горан Пандев во живо на Инстаграм разговараше со Илија Несторовски и во таа прилика откри интересни детали од неговата кариера.

Помеѓу другото Пандев зборуваше за проблемите кои ги имаше со Клаудио Лотито во Лацио. Иако реално Пандев беше еден од најважните играчи на Лацио, Лотито дури во последната година се решил да му понуди нов договор.

„Имав уште една година од договорот и ми се нудеше нов договор. Претходните години јас го играв најдобриот фудбал според мене и чекав цело време нов договор и немаше ништо се до тогаш. Отидовме на припреми, таму Балардини ме викна ми кажа: Ти си важен играч, сакам да бидеш капитен, ама треба да го потпишеш новиот договорот. Му кажав дека ќе размислам, ми одговори дека треба веднаш да потпишам. Тука следуваа големи притисоци, не ме зема за Суперкупот. Добивав закани преку навивачите. Потоа започнавме да се тужиме“

Лотито толку бил решен да му ја уништи кариерата на Пандев што одбил да добие 18 милиони евра за него.

„Во последниот ден од преодниот рок Зенит ме бараше испрати понуда од 18 милиони евра. Лотито им го кажа следново: Пандев заврши кариера, нема да игра повеќе фудбал толку е“