Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на целата теиторија во земјава.

Вонредната состојба е прогласена по предлог на Владата поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието кое е распуштено не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.

Претседателот кажа дека состојбата во следните денови би можела да биде тешка, па затоа е важно сите да бидеме сплотени и сите да се придржуваат до владините мерки и препораки, а особено е значајно да им се помогне на постарите лица и оние со хронични заболувања.

Во однос на дијаспората, Пендаровски порача дека е најдобро секој да остане во земјата во која што е, но доколку одлучат да дојдат дома мора да ги почитуваат мерките, како и можноста да бидат сместени во карантин.

Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот.

Ова е првпат во историјата на државата да биде пред прогласена вонредна состојба.