Дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска вечерва на својот фејсбук го осуди несовесното раководење на министерот Чулев кој денес ангажира припадници на МВР за потребите на спот

“Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!

Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!”, напиша Петровска.