Раководството на Победа на почетокот на новата работна недела го официјализира ангаѓманот на 3 нови фудбалери. Станува збор за играчи кои настапуваат на позиции во дефанзивната линија.

Игор Паноски(23 години) по 3 години се враќа во црвено-белиот дрес и со својот неспорен квалитет и стекнатото прволигашко и второлигашко искуство во Беласица, Академија Пандев и Воска несомнено ќе ја зацвртси последната линија пред голот на Тофилоски.

Ново име во Победа е и 24-годишниот Агон Хани, кој настапува на позицијата лев бек и лев штопер. Во Победа доаѓа од прволигашот Струга Трим Љум, а претходно настапувал за А.Пандев, во Словачка за Б тимовите на Словачко и Јаблонец во младинските категории и за Вишерад во сениорскиот фудбал.

Првиот новајлија интернационалец е 21-годишниот централен дефанзивец Огњен Џурковиќ, Потекнува од младинската школа на Партизан Белград, каде ги минува сите селекции, а во сениорска конкуренција настапувал за Телеоптик и Жарково.
Претходно минатата недела Победа ги ангажираше Тоше Делов, Хамза Рамани и Христијан Коцев.