Бирото за јавна безбедност продолжува со успешните акции во борба против сузбивањето на наркотични средства.

На ден 14.05.2020 година Одделот за криминалистичка полиција во соработка со СВР Тетово ОНТД реализира кривично дело по член 215 од КЗ .

По претходно издадена наредба за претрес во дом сопственост на лицето Д. И. роден.1959год. од Тетово ул.“Ј.Златановски“  кај истиот пронајдена е една политиленска најлон кеса околу 15 г кафеава прашкаста материја која на тестер покажало хероин како и две екстази со облик на буба-мара.

Лицето Д.И е познат дилер на наркотични дроги и до сега против идтиот се поднесени повеќе кривични оријави за НТ со дроги против истиот ке биде поднесена кривична пројава до надлежното ОЈО Тетово .