Актерот Сашо Ристовски познат по јавноста по народните приказни и по многубројните улоги во театарот деновиве публиката го гледа на театарските сцени ширум нашата земја рамо до рамо до една од најпознатите актерки од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ. Иако презафатен нашата редакцијаа успеа да го исконтактира Ристовски.

1.Деновиве интезевно сте присутни на сцените во градовите ширум земјата.Дали ова значи враќање после подолга пауза на театарски сцена?

– Да.Сметам дека време беше.Направив подолга пауза од театарската сцена и конечно решив,односно проценив дека времето созреа.Моментално започнавме повторно работа со екипата од Србија на чело со мојата драга колешка и пријателка Лидија Вукиќевиќ со претставата ,,Чекајќи го министерот” чиј автор и режисер е Семир Гичиќ , воедно и актер во претставата.Имаме многу договорени гостувања низ земјите од соседство, како и во Европа за нашата дијаспора.

2.Многу интересно, играте со големи актерски ѕвезди од ју простори, а не играте во својот матичен театар Театар Комедија.Зошто? Одбивате или?

– Јас сум актер кој никогаш не би одбил да игра претстава која му е на репертоар.Ако мислите за тие претстави кај мене не е одговорот.Институцијата има уметнички совет кое е советодавно тело на вд директор,можеби тие ќе ви дадат постручен одговор.Незнам можеби сметаат дека претстава на култниот режисер Егон Савин не заслужува да е репертоар или пак претставите во кои играм јас.Најдобро поради редот да ги прашате нив.Јас одлуките ги почитувам,времето ќе покаже дали биле вистински или не.Јас научив дека треба да му се даде време на времето.
Јас може да се случи да одбијам нова улога,но само ако сметам дека таа не ми одговара.Сепак моето мото е : Не се по секоја цена.

3.Како е да се игра со Лидија Вукиќевиќ?

– Феноменално.Жена е пред се голем професионалец и пред се добар човек а исто така и Семир.Станавме како една фамилија.Тие играат на српски јас на македеонски.Функционираме без прекорно,без суети,како вистински тим.
Кога имате привилегија да ве покани да работите едно име како Вукичевиќ, тоа е голема одговорност.Многумина чезнеат за шанса,многумна ја добиле па ја изгубиле, а јас ја добив и одиме напред.Едноставно се пронајдовме јас , таа и Семир.Приватно се дружиме многу и секогаш разговраме искрено.

4.Дали можеби некако размислувате и ве фаќа носталигија после сите збиднување околу вас во театарот,за театарот? Размислувате некогаш пак да сте директор?

– Не.Бидејќи мислам дека театарот е во мене и јас сум во него и кога не сум таму.Јас сум растен во објектот каде е нашиот матичен театар. Кога сакам можам да одам,да пијам кафе.Јас немам забрана за влез хахах…Шега на страна, од сите вработени јас повеќе го знам тој објект, бидејќи од кога знам за себе сум таму. Околу вториот дел на прашањето, не никогаш повеќе, тоа е завршена работа. Донесена ми лична одлука, можам да помгнам секако и имам таква одговорност,но директор не. Одлука и ред мора да има. Одлука има,ред мора сега некој да стави. Неможе секој што ќе му текне да прави.Желботеки дома. Почит секому.