Повеќе од 50 години, жители од улицата Прогрес се соочуваа со тешка пристапност до своите домови, особено после врнежливо време. Единствениот начин да влезат дома во ваквите денови беше со подготовка на импровизирани патеки.

Денес, тој децениски проблем во овој дел е решен. По барање на месното население, поставени се бехатон плочки на површина од околу 240 метри квадратни.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид на терен и се сретна со жителите на овој дел од улицата Прогрес.

Тие изразија голема благодарност, затоа што по толку години, можат без кал да влегуваат во сопствените дворови. Жителите нагласија дека и покрај барањата кои ги доставувале во минатото, оваа локална самоуправа им излезе во пресрет и ги санира пристапите до нивните домови.

Вредноста на санацијата на кракот од улицата Прогрес е околу 240.000 денари.