Филмскиот продуцент Харви Вајнштајн е обвинет за силувње и казниви сексуални деликти,објавил окружниот тужител за Менхетн, Кајрус Венс.
Тоа е прв случај кој произлегол од низата обвинувања за сексуални деликти против посрамотениот 66. годишен основач на филмското студио „Мирамакс“ и компанијата „Weinstein Co“.
„Ова обвинение е уште еден чекор обвинетиот да се приближи до сносењето одговорност за казнени дела за кои се товари“ рекол Венс. Според неговите зборови, Вајнштајн се товари за силување од прв и трет степен и казниви сексуални деликти од прв степен.
Бен Брафман, водител на правниот тим на Вајнштајн, рекол дека неговиот клиент ќе се изјасни дека не е виновен и дека „енергично ќе се брани против невтемелените тужби кои одлучно ги порекнува“.
Ако го прогласат за виновен за најтешките точки на обвинението, на Вајнштајн му се заканува казна затвор од пет до 25. години.
