Денес привршува поставувањето на новата водоводна линија на ул”Ило Попадинец” со што се решава деценискиот проблем на жителите од оваа улица кои до сега добиваа вода низ туѓи имоти.

На ул”Ило Попадинец” се постави нова водоводна линија DN 90 во должина од 260 метри. ЈКП”Водовод и Канализација” – Прилеп на ново поставената водоводна линија приклучи шеснаесет корисници.

За жителите од ул”Ило Попадинец” ова ќе значи решавање на голем и долгогодишен комунален проблем.