Починати од ковид во Индија се палат на паркинг

31

Вториот бран на коронавирус масовно се шири низ Индија, поради што крематориумите во оваа држава не можат да постигнат да ги кремираат сите тела.

-Пред пандемијата кремиравме осум до десет лица на ден. Сега кремираме 100 до 120 – изјавил Џитендер Синг Шaнти, шеф на крематориумот Симапури во источен Њу Делхи.

Како што објави Си-Ен-Ен, тие кремираат толку многу тела што морале да го прошират бизнисот на паркинг, каде десетици работници градат нови платформи за кремирање. Има толку малку простор, а многу тела, па семејствата треба да земат ливче и да чекаат на ред.

Градоначалникот на Северен Делхи, Џај Пракаш, на почетокот на неделава му напиша писмо на премиерот на Делхи, Арвинд Кејривалу, во кое бара одделот за шумарство да обезбеди трајно снабдување со дрва. Во меѓувреме, семејствата мораат да плаќаат за дрвата за спалување на телата на нивните блиски.

Инаку, кремацијата се смета за важен дел од хинду погребните обреди поради верувањето дека телото мора да биде уништено за душата да премине во реинкарнација.