По 15 години пауза, утре ќе има дуел меѓу премиерот Заев и претседателот на опозицијата Мицкоски. Дуелот ќе се одржи на националниот сервис.

Во времето на 11 годишното владеењето на Груевски, немаше ниту еден дуел со лидер на опозцијата. На сите повици од тогашната опозиција за јавно соочување, од ВМРО ДПМНЕ одговараа дека „партиите се соочуваат на избори“, со што избегнуваа ТВ дуели.

Примерот на премиерот Груевски го следеа речиси сите партиски функционери на ВМРО ДПМНЕ, но и градоначалници од партијата кои одбиваа да учествуваа и во предизборни соочувања. Груевски гостуваше само на одредени телевизи без учество на тогашната опозиција.

„Омилени“ му беа гостувањата во т.н. ток шоуа во кои говореше и по 3 часа. На истите тие телевизии речиси никогаш не гостуваше лидер на опозицијата.

ТВ дуел минатата недела побара лидерот на опозициската партија Мицкоски, а премиерот Заев прифати. По повикот од ВМРО ДПМНЕ  три телевизии веднаш се понудија да го организираат јавното соочување – меѓу нив и националниот сервис.

Работниот наслов на ТВ дуелот е „Една година власт, една година опозиција“.

Последното ТВ соочување на премиер и лидер на опозицијата беше во 2012 меѓу Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.