Кандидатката за пратеничка и Претседателка на ОО на СДСМ Карпош, денес подели хуманитарна помош на 50 семејства во населбата Злокуќани.

Со дадената помош испраќаме порака на добра мисла и уверување дека се грижиме за најранливите категории на граѓани во овие тешки моменти кога се справуваме со последиците од корона вирусот, рече Мери Георгиевска, кандидат за пратеник.