Актерот Сашо Ристовски позната на македонска јавност и пошироко по низата свои телевизиски и театарски улоги денес на својот фб профил објави фотографии кои ја изнедаија јавноста дека започнува со работа на своја фарма.

Нашата редакција успеа да го контактира и ни даде ексклузивна изјава:

,, Оддамна имав желба да започнам нешто вакво.Едвам го убедив семејство.Започнавме минатата година, а веќе оваа година имаме 50 тина сортни кокошки и мисирки.Моите родители максимално се грижат за нив, но и јас скоро секој викенд сум таму.Со моите родители кои се пензионери планираме да го зголемиме капацитетот,односно бројот на кокошки кои исклучиво ги храниме со домашна храна.Веќе луѓето сакаат домашно,органско…Продажбата и побарувачката на домашни јајца се зголемува во овој период.Се радувам што е така.Искрено се надевам сето ова да прерасне во голема фарма и со други животни.Тоа ми дава убава енергија.Љубовта кон животните ми е од дете.