Русија протера македонски дипломат

16

Русија прогласи за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва како противмерка, објави руското Министерство за надворешни работи.

„Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на РС Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.

Оваа мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.