Руската маркетинг агенција  „Bacon Agency“  нуди лажно подигнување на рејтинг на ресторани во градовите-домаќини на Светското фудбалско првенство насајтот „ТрипАдвисор“. За 35 илјади рубљи (570 долари) оваа агенција гарантира дека ресторанот ќе влезе во топ 10 на „ТрипАдвисор”.

„Што можете да направите, ако гости од Србија или Шведска никогаш не го посетиле вашиот ресторан и дале мислење? Тогаш сами напишети си оцена. Ви предлагаме да им помогнете на туристите да ве најдат и да ги остават своите пари кај вас“, пишува во рекламниот материјал.

Руската агенција„Bacon Agency“  потврди  дека нуди вакви услуга, но само како посредник помеѓу двете страни.

„Свесни сме дека сето ова е нелегално, а и „ТрипАдвисор“ е против тоа. Сите ресторани знаат дека рецензиите се нарачани, а и претходно многу од нив ја користеле оваа услуга преку други агенции“, вели сопственикот на „Bacon Agency“   Роман Балданов кој истовремено информира дека никој досега не ја искористил понудата.

„ТрипАдвисор“ објасни дека тие го истражуваат случајот.

Ова не е прв случај одреден ресторан да добие лажна рецензија за да се искачи на челни позиции. На крајот на 2017 година, непостоечки ресторан во Лондон стана бр.1 во англиската престолнина.