Контроверзната руска пловечка нуклеарна електрана што медиумите ја нарекуваат „Нуклеарен Титаник“ заплови на своето прво патување, а целта ѝ е да донесе енергија на Арктикот.

Оваа електрана би требало да ја снабдува со електрична енергија зафрлената руска база на Арктикот, но критичарите предупредуваат дека руската „нуклеарка“ би можело да доведе до „Чернобил на мраз“.

Бродот „Академик Ломоносов“ исплови од бродоградилиштето во Санкт Петербург и ќе плови преку Балтичко и Норвешко Море до руското пристаниште Мурманск. Оттаму, на лето 2019 година ќе тргне кон Арктичко Море и ќе ја снабдува руската база со електрична енергија и греење.

Оваа електрана може да ги покрие потребите за енергија на речиси 200.000 луѓе.

Експертот за нуклеарна енергија на Гринпис за Централна и Источна Европа Јан Хаверкамп вели дека иако првичните планови за тестирање на бродот во Санкт Петербург пропаднале, „Ломоносов“ сепак претставува закана за животната средина.

„Тестирањето на нуклеарен реактор во густо населено подрачје како Санкт Петербург е во најмала рака неодговорно“, рече тој.

Хаверкамп истакнува дека тестирањето на „Нуклеарниот Титаник“ далеку од очите на јавноста нема да смени ништо.

„Нуклеарните реактори што се борат околу Северниот Леден Океан се шокантна закана за деликатната животна средина што веќе е под огромен притисок на климатските промени. Овој опасен потфат не само што е закана за Арктикот, туку потенцијално и за други погусто населени или загрозени природни региони“, објаснува тој.

Се очекува во 2019 година Русија да почне да ја гради втората пловечка нуклеарна централа.