Јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Куманово се нормализира откако пред околу еден месец Владата донесе одлука за забрана како една од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во овој регион.
Од владината прес- служба вчера информираа дека Владата го прифатила предлогот на Главниот штаб за коориднација врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести.
Одлуката за забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓународни патнички и железнички патнички јавен превоз стапи на сила на 25 март, а беше донесена на 27. владина седница