Од денеска се укинува домашната изолација, која беше задолжителна после државниот карантин, одлучи Владата.

„Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести со кој патниците од странските земји, кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација“, се наведува во соопштението.