Општина Центар издаде дозвола за уривање на објектот ТЦЦ Плаза (поранешен Беко) поради проблеми во конструкцијата.

Уривањето веќе почна. На истото место ќе се гради нов комерцијален објект, П+6, според постоечкиот Детален урбанистички план.

Пред повеќе од 20 дена уривањето беше стопирано од градежните инспектори на општина Центар откако било увидено дека била почната постапка за уривање без одобрение.