СЗО: Имунизацијата на децата не е висок приоритет

1

Вакцинацијата на деца не е приоритет од гледна точка на Светската здравствена организација, иако сè поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца.

Експертот на СЗО за вакцинација д-р Кејт О’Брајан вели дека имунизацијата на децата против коронавирусот „не е голем приоритет“, со оглед на исклучително ограниченото глобално снабдување со вакцини.

Таа истакнува дека вакцинирањето на децата „не е приоритет од гледна точка на СЗО“, иако се поголем број богати земји одобруваат вакцини против Ковид-19 за тинејџери и деца.

О’Брајан вели дека вакцината на децата, кои обично не се изложени на ризик да се разболат сериозно или да починат од Ковид-19, главно има за цел да го запре пренесувањето, наместо заштита од болеста.Канада, САД и Европската унија неодамна одобрија неколку вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од 12 до 15 години, кога се приближуваат кон целите за вакцинација на возрасните.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус претходно ги повика богатите земји да ги донираат своите вакцини на сиромашните, наместо да ги имунизираат своите адолесценти и деца.

Помалку од еден процент од вакцините против Ковид-19 се даваат на сиромашните земји.

О’Брајан вели дека не е потребно да се вакцинираат децата пред да се испратат на училиште ако возрасните кои се во контакт со нив биле имунизирани.