Службеник на НАТО, кој работи во седиштето на алијансата во Брисел, е позитивен на коронавирус. Тој неодамна се вратил од Италија.

„Можеме да потврдиме дека еден од вработените во НАТО, кој работи во седиштето на алијансата во Брисел е тестиран и е позитивен на вирусот“, соопштија од НАТО.

Тој се вратил од одмор од северна Италија кон крајот на минатата недела и бил тестиран откако му се јавиле симптоми како за грозница.

Во соопштението се наведува дека откако му бил дијагностициран вирусот, веднаш биле контактирани неговите колеги.

„Тие работат од дома од крајот на минатата недела“, се наведува во соопштението.

НАТО привремено ги суспендира службените патувања на одредени членови на персоналот и воведе привремена суспензија на групните посети на седиштето на НАТО во Брисел.