Собранието денеска ќе ја одржи 49. седница на која на дневен ред се избор на нови министри и заменици министри во Владата. Трета точка на дневниот ред е предлог-одлуката за распишување оглас за членови на Државната изборна комисија.

Премиерот Зоран Заев до Собранието минатата недела достави предлог листа за нови министри на која се најдоа Рената Дескоска за министерската позиција во Министерството за правда, за министер за образование и наука е предложен Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути. За заменик министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик министер за здравство Асим Муса, за заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.