“Денеска, за време на полицискиот час, мислејќи дека јавноста нема да забележи, МВРО реализираше снимање спот за потребите на остатоците од полициската држава. Снимањето на спотот и самата содржина на спотот имаат цел да ги потсетат граѓаните на едно друго време – Денот на полицијата не би бил свечен ако не потсетиме на полициската држава.

Токму поради тоа, покрај материјалите кои ги снимивме преку злоупотеба на полициските возила и кадри, во спотот ќе ги вклучиме и следниве архивски сцени:

– тепањето студенти во библиотеката Браќа Миладиновци, ноќта на 5 мај 2015 година, кога повторно избија протестите против полициска бруталност
– апсењето на Љубе Бошковски кај Воденица, легнат со главата надоле, народ да го гледа
– влезот во А1 телевизија, инсертите кајшто новинарите се враќаат со касети и се обидуваат да влезат во својата телевизија и инсертите кајшто полиција удира врз влезните врати
– акцијата на единиците на ЕБР во студентскиот дом Кузман каде полицијата направи се во своја моќ да победи најдобриот, кандидатот поддржан од партијата ВМРО-ДПМНЕ
– упадот на финансиската полиција во соросовите невладини организации (во невозможност да се најдат видео инсерти, ќе бидат искористени објави од портали кои ги опишуваат дејтвата на соросовите платеници против државата и против лидерот Груевски)

Заради обезбедување континуитет во меморијата на граѓаните, во видео спотот за полициската држава посебен акцент ќе ставиме на:
– непреземањето никакви дејства од страна на полицијата при денешното гурбо непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 пред црквата во Свети Спас, при што навивачите беа во група која е многу поголема од двајца, а дел од нив не носеа заштитни маски
– делот од интервјуто на министерот за МВРО во кое стручно и прецизно објаснува под кој агол паѓала светлината врз рацете на придружниците на наследникот на Груевски, при што математички прецизно пресметаниот агол овозможил отсјај на слепило и привид дека спомнатите носеле ракавици

МВРО ги повикува следбениците на полициската држава да го проследат овој видео патепис кој ќе биде објавен ексклузивно на 7 мај, Денот на полицијата.”

 

ФБ статус на Марјан Забрчанец