
Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница.
Според изјавата на директорот на затворот “Скопје” Филип Андов ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожалич на болка во градите. Била повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување“
Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.
Досега се одржаа неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со оштетените во процесот, кои биле негов таргет.
Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски.