Владата ѝ даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ.

– Владата даде насокки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето на отварањето на границите заедно и во соработка со Министерството за надворешни работи за да искоординираме и со соседните држави и со државите од регионот и пошироко. На основа на тоа ќе ги носиме и одлуките. Јас очекувам дека ќе ја донесеме таа одлука многу скоро и ќе можеме да имаме слободен проток на границите – изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ја разгледува можноста за отварање на границите.

Тој рече дека животот мора да се враќа во нормала и да се научиме да живееме со вирусот како што се и претпоставките на сите и на СЗО.