Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои не информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

– Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста- информира Спасовски.

Државната изборна комисија, цдодава тој, информира за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија.

„Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нѐ информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите“ напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.