
Ромите се едни од најлојалните граѓани на оваа земја, најмирољубиви граѓани кои отсекогаш ја почитувале и сакале нашата Македонија и граѓани кои најмногу заслужуваат да бидат интегрирани, затоа што не се доволно интегрирани во општеството.
Тие ќе ја имаат мојата поддршка во секој еден момент. Секој кој што мисли дека нешто што се прави за некоја од заедниците е пародија, за мене тоа не е така. Тоа е видливо на изборите, ако ги погледнете резултатите во мојата изборна единица кадешто се мнозинството роми, ќе видите една огромна поддршка, и во Шуто Оризари како убедливи победници и во моето Куманово, 1000 гласа спрема 20 за опозицијата.
Ако сакаме силна држава ќе подадеме рака на секого, рече министерот Спасовски во своето гостување на радио Канал 77 во емисијата “Стадион”