Инвестициите во Пелагонија добиваат на се поголем интензитет, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
“Денеска со директорот на ЈП за државни патишта Китанов извршивме увид на поставување на заштитна ограда во должина од 1 km на обиколница Битола.’ додаде тој.
За прв пат во државата се поставува овој тип на еколошки заштитна ограда со што се обезбедува поголема безбедност и сигурност на жителите околу обиколницата и возачите.