Владата предводена од СДСМ и коалицијата, за 30 месеци само во Општина Прилеп, плански спроведува, реализира и инвестира во серија инфраструктурни објекти кои драстично го менуваат квалитетот на животот на граѓаните на Прилеп и регионот на подобро!
Еве ги фактите и бројките:
– Завршивме со реконструкција на патен правец Прилеп – Прилепско езеро
– Завршивме со рехабилитацијата на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола
– Завршуваме со рехабилитација на патниот правец од Раец до Фариш.
– Интензивно се гради експресниот пат од Градско–Дреново
– Изградивме дел од улицата Александар Македонски
– Завршуваме со изградба на клучката за ТИРЗ Прилеп
– Во јуни распишуваме теднер за рехабилитација на патот од Фариш до Прилеп и секаде каде што нема трета лента ќе ја изградиме.
– Се рехабилитираше патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште
– Се асфалтира патот од с.Волково до манастирот „Свети Никола“, над с.Прилепец.
– Плус обезбеденивме 1,2 милиони евра пари од Светска банка за изградба и санација на улиците за Прилеп.
Во комуналната сфера :
– Завршивме со изградба на дел од канализациона мрежа во н.м. Големо Коњари,
– Завршивме со изградба на дел од фекална канализација во Големо Коњари
– Во фаза на подготовка е изградба на канализација и пречистителна станица за н.м Мало Коњари.
– Со средства од ЕУ се изгради пречистителната станица која ќе ги прочистува отпадните води од Прилеп и околината.

– За Прилеп гасификацијата е приоритет, затоа во завршна фаза е изградбата на магистрален гасовод Неготино – Прилеп – Битола

– Дел сум од оваа Влада која ја препозна маката на тутунарите и на огромно задоволство на сите ги зголеми субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

– Преку МЕПСО инвестиравме над 1 милион евра во модернизација на трафостаницата во Прилеп со што обезбедуваме кбвалитетна струја

– Привршува изградбата на ИКТ центарот, објект од стратешко значење на државата.

Не запираме тука! Можеме уште повеќе и уште подобро! Остануваме посветени на сигурната иднина на граѓаните и нашата земја!