Денешното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ на СЈО е одложено за 19 јуни, бидејќи ќе се чека одлуката на Врховниот суд во Атина по барањето за екстрадиција на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски, која треба да биде објавена на 18 мај.

Судијката Џенета Бегтовиќ посочи дека на следното рочиште судот ќе се произнесе по барањето за одвојување на постапката за Грујевски и Бошковски во зависност од одлуката за екстрадиција.

Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО предложи раздвојување на постапката за Грујевски и Бошковски на што се спротиставија нивните адвокати. Според, адвокатот Петар Василев не постојат законски основи за раздвојување на постапката во случај кога обвиентите се во екстрадициски притвор и постапката за одлучување е во завршна фаза.