Талентираниот Петејчук стрелец на единствениот гол за Вардар на дербито со Работнички

6

Ако некој по добро го памети денешниот натпревар против екипата на Работнички, е секако младиот Анатолиј Петејчук кој денес се запиша во листата на стрелци, во поразот на Вардар на градското дерби.

Петејчук влезе во игра во вториот дел од натпреварот и успеа да ја затресе противничката мрежа и да постигне почесен гол за својот Вардар. Толи е генерација 2002 и е еден од неколкумината играчи кои оваа сезона добија шанса да настапуваат за првиот тим на Вардар. Инаку, минатата година стави потпис на професионален договор со клубот, играч кој ги има поминато сите младински категории на Вардар, каде дојде од школата на Прилеп-ТОНИ.