Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски загуби од Јеле Селс со 0-2 во сетови, односно 2-6 и 4-6 на стартот на челинџерот во Хамбург, Германија.

Ивановски освои само два гема во првиот сет против 449. тенисер на АТП-листата, додека во вториот сет беше за нијанса подобар, но не дозволно за да направи пресврт.

Македонецот во моментов се наоѓа на 305. место на АТП-листата и тоа е негов најдобар пласман во кариерата.