Во Србија, како во голем број земји ширум светот, исто така се забележани проблеми со коронавирусот во домови за стари лица.

Како што информира „Блиц“, во Домот за стари лица „Радост“ во Неготин се заразиле 49 лица, а шестмина починале.

Високиот суд во Неготин, поради ваквата ситуација, издал налог за апсење на директорката на домот, извесна Бранка П, која веќе е приведена. Таа е уапсена под сомнежи за небрежност и непреземање на пропишаните и неопходни мерки.

Бранка П. се товари за смртта на шестмина штитеници на Домот за стари лица во Неготин. Осомничената директорка не била уапсена порано бидејќи и самата била заразена со коронавирус и се лекувала од инфекцијата.