Од вчера до денеска таргетирано се тестираше и кластерската анализа на новите заболените покажува дека околу 15 семејства вкупно носат 90% од новите случаеви, што значи се шири болеста тесно во рамки кластерите.

Несомнено е дека имаме втор бран кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирање – што впрочем го докажа и деталниот увид во анкетните епидемиолошки прашалници.

Вирулентноста значајно слабее. Анализата на симптомите на новите случаи во изминатите 7 дена укажува дека има случаи кои се асимптоматски и се многу лесни симптоми – близу 90%. Но, оваа воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен.

Во текот на овие два дена, Комисијата зазаразни болести прави детални анализи заедно со тимовите на епидемиолозите вклучени во спроведувањето на тестирањето и анкетите, во однос на новиот бран и ширењето на вирусот, со цел да има еден попрецизен, детален увид. Согласно ова, во недела ќе имаме состанок на којшто ќе се дискутира за натамошните чекори.

Во Градската општа болница „8 Септември има 11 случаи на заразени здравствени работници. Утрово, на координативен состанок со инфектологот договоривме начин на тестирање на луѓето кои биле во највисок ризик и согласно другиот дел од епидемиолошкиот прашалник за самоизолација. Сите други вработени носеле заштитна маска.

На гинеколошко-акушерската клиника имаме двајца заразени – медицинска сестра и техничар, а во овој момент се прават анализите.

Согласно последните новодијагностицирани случаи, потврдена е исправноста на одлуката за воведување на дополнителна рестрикција во главниот град, но и во другите градови, региони каде има новодијагностицирани пациенти.

Епидемиолозите утрово информираа дека многу е олеснет пристапот и спроведувањето на тестирање со оглед на рестрикцијата на движење. Земањето на брисеви се одвива полесно.

Вирусот е тука и се шири. Непочитување на мерките ќе значи само продолжување на кризата и никако не помага на целиот тим епидемиолози, инфектолози вклучени во оваа борба кои 3 месеци интензивно работат. Имаме јасна стратегија за пристап, тестирање и податоците коишто луѓето ги даваат во нивните прашалници. Во овој момент беа потребни мерките на рестрикција на движењето и сите граѓани мора да ги почитуваат мерките.