Да одржуваме растојание. Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас, порача во објава на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Задолжително, посочува министерот, да носиме заштитна опрема, маска, марама или шал во затворени простории и на отворено секогаш кога не можеме да одржиме два метра растојание.

Намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност и за наша и за заштита на луѓето околу нас. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, напиша Филипче на својот ФБ профил.

Како што објави претходно Министерството за здравство, во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид – 19 и тоа во Скопје – 17, Куманово – 11, Прилеп – 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино – 1. Регистрирани се 29 излекувани пациенти од кои четворица пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови од кои во Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1, а не се регистрирани починати.