Честитката за вашето завршување на средношколското образование ви ја испраќам во најубавиот месец во годината, кој сите вие заедно, 673 на број од нашата општина, правите да биде уште поубав.

Пандемијата на Ковид-19 во голема мера го лимитираше традиционалниот начин на одбележување на овој исклучително значаен момент од вашиот живот. Меѓутоа, ништо не може да го намали фактот дека, и покрај се’, вие сте нашата младост, енергија и украс на општеството.

Со многу верба во себе, со упорност и посветеност во понатамошното надоградувањена вашето образование, посакувам вашата генерација да биде носител на развојот на општина Прилеп и на Република Северна Македонија.

Успешно чекорете по вашите животни патишта. Сите идни предизвици совладувајте ги со знаење и разбирање. Ние повозрасните ќе ви помогнеме да ги отстраните субјективните пречки кои ќе ви се најдат на патот. Почитувајте ги мултикултурните вредности, почитувајте го секој човек и различните од вас. Бидејќи вие, матурантите, ја имате моќта да го менувате светот и да го направите поубаво место за живеење.

Драги наши матуранти, честитајќи ви го матурирањето со желби за добро здравје, среќа и успех во натамошниот живот, ви посакувам добредојде во светот на возрасните. Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на целото општество. Срушете ги сите бариери, дајте им шанса на вашите неограничени можности!