Зинедин Зидан по втор пат во својата тренерска карира го напуши Реал Мадрид. Причината за тоа е помладувањето на тимот со кое Фрнацузинот не сака да има ништо со оглед на тоа што со искусните играчи во клубот освои речиси се што можеше да се освои, пренесуваат шпанските медиуми.

Раководството на клубот сега се наоѓа во дилема кој да биде новиот тренер на „белите“, а во списокот на желби има две искусни имиња во Антонио Конте, кој неодмана постана слободен агент и Маурицио Покетино кој е на излезната врата на ПСЖ и две неискусни имиња во Раул и Чаби Алонсо.

На врвот на листата се наоѓа Раул, легендата на клубот кој во моментот го предводи вториот тим на Реал Мадрид. Со Зидан, предводник на Реал Мадрид беше клупски идол, а оваа „хемија“ раководството на клубот сака да ја задржи и во годините кои следат.