Германската полиција во средата уапси жена (51), осомничена за убиство на четири лица во клиника во Потсдам, објавија германските медиуми.

Портпаролот на државната полиција во Бранденбург рече дека полицијата била повикана во клиниката во средата околу 21 часот. Тие пронашле четворица мртви и еден тешко повреден.

Локалните медиуми објавија дека жртвите биле пациенти во болницата, а приведената жена била вработена таму.

Весникот Билд објави дека злосторството се случило во објект за лица со попреченост.

Заднината на ова убиство сè уште е нејасна, а истрагата сѐ уште трае.