Очекувам дека наскоро ќе се ослободи кејот. Ветив на луѓето дека ќе го ослободам кејот за време на мојот мандат, рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје и член на Кризниот штаб, во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.

Заради поведението на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба мостот ќе не чини 8 милиони евра повеќе, рече Шилегов најавувајќи го мостот сличен на мостот „Гоце Делчев“ со вело и пешачка патека.

Шилегов појасни и за тревникот во ценар, на градскиот плоштад и неговата цена.

Во обидите за спинување опозицијата наметна луда теза дека тревникот чини 33,2 милиони денари. Плочникот од ГТЦ кој се спојува со зелениот кров и претставува урбана целина и продолжува кон Собранието заедно со канализацијата и канделабрите и клупите, нивелацијата, осветлувањети – сето тоа чинеше 33,2 денари.

Тоа е плацот кој вашата партија го продаде и таму требаше да има висока зграда. Продадено е во криминална постапка, контроверзна постапка, за која има 11 обвинети, му порача Шилегов на опонентот Неловски од ВМРО-ДПМНЕ.