Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на ТВ 24 не го штедеше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Мисајловски е потретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според мене тоа треба да биде сериозна фунција. За мене е обичен шалабајзер, шарлатан. Зашто од позиција на потретседател на најголема опозициска партија да правиш селфи на плоштад и да тврдиш дека тревата чини 538 илјади евра. Тоа е шарлатан, хоштаплер класичен, полуписмен примитивец. Кој се обидува со класична лага да ќари политички поени. Дајте кривична пријава, ако тврдите дека не е тоа не е лага, рече Шилегов.

На забелешката на водителката дека овој речник не е баш соодветен, Шилегов одговори дека конечно работите треба да се наречат со нивното вистинско име.

-Јас сум секогаш спремен да примам критика. Но, да излезе потпретседател на политичка партија и да пласира лажна вест, тоа е шалабајзер. Тоа не е политичар. И ние во Македонија треба да престанеме со двојните аршини. Таквите ликови конечно треба да бидат наречени со нивното висинско име: шарлатани. Не мислам дека овој вокабулар е несоодветен на нивното поведение, вели Шилегов.