Паниката која владее на Илинденска е толку очигледна, а решенија за овој хаос нема, буквално, ни за лек. Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори! Наместо ситуацијата да се смирува, напротив, се случува нов бран на заболени, а Филипче освен безобразно да кажува дека ситуацијата е под контрола, ништо друго не знае и не може да направи, реагира на Фејсбук Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ.
„Правеа се за да создадат атмосфера за избори, упорно сакаа да ја релаксираат ситуацијата и мислеа дека тоа глатко ќе им помине. Но, резултатот го гледаме. Повторно огромен број на заболени, повторно строги мерки за празничниот викенд.
Зошто граѓаните мора да ја плаќаат цената за вашата неспособност? Зошто еднаш не признаете дека не ве бидува кога тоа цел свет го гледа и говори? Зошто ги лажете граѓаните дека се е под контрола, кога реално ништо не е така. Филипче, од тебе бараме одговорност за овој хаос! Одважете се пред граѓаните, признајте дека многу погрешите. Кога ние од опозицијата зборувавме, дававме предлози, вие нѐ обвинувавте за фаќање политички поени во време на криза. Кажете ги реалните бројки на заболени, кажете ја вистината, затоа што целиот народ го очекува тоа од вас. Не е време за калкулации и политикантство, животи се во прашање!
Апелирам на смиреност меѓу народот и надеж дека се ќе биде добро наскоро, затоа што само тоа и ни остана, да се надеваме. Одамна не веруваме на вашите ветувања и уверувања. Народот е мудар и со него нема играчка. Македонија пребродила многу потешкотии, ќе ве преброди и вас!, пишува Јанушев.